Џорџа ги прими првите честитки: Ја победивте арогантната ЕУ

По објавата на првичните резултати од вшерашните пшарламентарни избори во Италија, пристигнаа и пртвите честитки за лидерката на победничката партија „Браќа на Италија“, Џорџа Мелони која најверојатно ќе биде и прва жена премиер на Италија.



Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, Мари Ле Пен, во честитката рече дека Мелони и Салвини се спротивставиле на заканите на антидемократската и арогантна ЕУ.

„Италијанскиот народ одлучи да ја земе судбината во свои раце со избирање на патриотска и суверена влада. Им честитам на Џорија Мелони и Матео Салвини што се спротивставија на антидемократската и арогантна ЕУ извојувајќи ја оваа голема победа“, вели Ле Пен која е меѓу првите што честиташе.

Од Унгарија, каде што на власт е десничарот Виктор Орбан, се огласи неговиот политички директор, Балаш Орбан.

Честитки до Џорџа Мелони, Матео Салвини и Силвио Берлускони за победата. Во овие тешки моменти, повеќе од кога било, ни се потребни пријатели што споделуваат заедничка визија и пристап за предизвиците со кои се соочува Европа“,напиша тој на Твитер.

Со честитка се јави и лидерот на националконзервативната партија Вокс во Шпанија, Сантијаго Абаскал.

Џорџа Мелони го покажа патот кон горда и слободна Европа на суверени нации кои може да соработуваат за безбедност и просперитет на сите“, напиша лидерот на шпанските конзервативци.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој доаѓа од конзервативната партија Право и правда, пак, упати само пратка честитка на Фејсбук: „Голема победа! Честитки“.