Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека стравува дека Украина може да биде ставена под притисок за да се согласи на мировен договор со Русија, кој не е во нејзин интерес.
„Премногу земји велат дека ова е европска војна која е непотребна, така што притисокот ќе расте за да се охрабрат или можеби да се принудат Украинците на штетен мир“, им рече Џонсон на новинарите во Руанда, каде што учествува на самитот на Комонвелтот, пренесува Ројтерс.
Џонсон: Бритамнија ќе праќа украинско бегалцви во Руанда
Бритаија ќе ги праќа барателите на азил во Руанда
Британскиот премиер рече и дека преземањето контрола врз Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин би било опасни за меѓународната безбедност и „долгорочна економска катастрофа“.







