Борис Џонсон се повлече од трката да биде лидер на конзервативците, со што го расчисти просторот Риши Сунак да стане следниот британски премиер.



Откако некои в исоки кругови меѓу конзервативците предупредија дека враќањето на Џонсон ќе доведе до хаос, поранешниот премиер призна дека немал доволно поддршка од пратеници за да води обединета партија.

Џонсон, кој никогаш официјално не ја започна својата кампања, во неделата вечерта рече дека верува оти можел да донесе победа на конзервативците во 2024 година, но тоа „едноставно не е вистинската работа“ и „не е вистинското време“, пренесе Гардијан.

„Ќе имав добри шанси за успех во пратиската база и евентуално бе можев да се вратам во Даунинг стрит во петок“, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон доцна синоќа.

Тој го прекина одморот по оставката на премиерката Лиз Трас и се очекуваше да влезе во трка за премиер.

Сепак,  дошол до заклучок дека тоа не е вистинскиот начин. „Не може ефекасно да се владеете ако се нема обединета партија во парламентот“ рече поранешниот британски премиер.

Џонсон ги потврди медиумските извештаи дека се сретнал со неговиот ривал Риши Сунак во саботата за да ги истражи можностите за заедничко решение. Тој разговарал и со Пени Мордоунт, која прва се кандидираше во внтарепартиската трка. „Се надевав дека можеме да се обединиме заради националниот интерес, но за жал не успеавме да најдеме начин да го направиме тоа“, рече 58-годишниот Џонсон.

По ова, станува се поизвесно дека Риши Сунак, поранешен министер за финансии во кабинетот на Џонсон, е најперспективен кандидат за наследник на краткотрајната премиерка во заминување Лиз Трас

. Според телевизијата Би-Би-Си, повеќе од 140 парламентарци јавно ја поддржале неговата кандидатура. За успешна кандидатура за лидер на Ториевците а со тоа и за иден британски премиер неопходна е поддршка од најмалку 100 пратеници. 42-годишниот Сунак во неделата наутро, при официјалното објавување на кандидатурата на Твитер порача дека сака да ја води земјата низ кризата со „интегритет и професионализам“.