Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина поради стравот да нема свој сосед слободна и демократска земја, јави Би-Би-Си.
Џонсон смета дека Путин навистина не верува дека Украина ќе влезе во НАТО и дека не верува во „полумистичните глупости“ за „потеклото на рускиот народ“.
Британскиот премиер смета дека Путин „нема да застане во Украина“ ако војната оди според неговите планови, а „крајот на слободата во Украина ќе значи згаснување на сите надежи за слобода во Грузија, потоа во Молдавија – ќе значи почеток на нова ера на заплашување во Источна Европа од Балтикот до Црното Море.
Тој рече дека Велика Британија сега треба „да ги преземе неопходните храбри чекори“ за да ја прекине зависноста на земјата од руската нафта и гас.
Тој додаде дека рускиот претседател е како „дилер од задната уличка кој трупа и создава зависност“ од руската енергија.






