Џонсон го „преживеа“ гласањето за недоверба

Британскиот премиер Борис Џонсон го преживеа синоќешното гласање иако речиси 150 од неговите конзервативни пратеници гласаа за негово отстранување од функцијата, објави Би-Би-Си.



Премиерот доби поддршка од 211 пратеници, наспроти 148 гласа за недоверба на неговото раководство, што значи дека успеа да обезбеди поддршка од повеќе од половина или 58,8 отсто поддршка од пратениците на Конзервативната партија.

Сепак, обемот на бунтот против него е сериозен удар за авторитетот на Џонсон и го остава сериозно ослабен, оценуваат познавачи на приликите.

Ова значи дека неизвесноста околу неговото раководство во последните месеци најверојатно ќе продолжи, поткопувајќи ги обидите на кабинетот на Даунинг стрит да се стабилизира по скандалите со „Партигејт“.

Лидерот на лабуристите Сер Кир Стармер коментираше по објавувањето на резултатите дека „поделената конзервативна партија“ го поддржува Џонсон.

„Изборот е појасен од кога било: поделените ториевци го поддржуваат Борис Џонсон без план за справување со проблемите со кои се соочуваат“, рече Стармер.

Гласањето беше тајно, а резултатот се очекуваше околу полноќ..

Откако го преживеа вчерашното гласање, Џонсон ќе продолжи како лидер и премиер на конзервативците.

Според сегашните правила, пратениците од ториевците нема да имаат право повторно да иницираат едногодишно гласање доверба.