Џонсон: „Евровизија 2023“ треба да се одржи во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон, изјави дека Украина може и треба да биде домаќин на Евровизија 2023 годинаот.



Тој ги коментираше предлозите дека поради војната во Украина, домакин на Песна за Евровизија да биде Велика Британија.

Традиционално, победникот на натпреварот во овој случај Украина да биде домаќин на Евровизија следната година, ноп организаторите изјавија дека решиле да разговараат со второпласираната Британија поради безбедносни гаранции, пренесе Ројтерс.

„Се разбира, би сакал натпреварот да се организира во Британија, но факт е дека Украина победи и заслужува да го организира натпреварот“, изјави Џонсон на новинарите по враќањето во Британија по посетата на Киев.

„Верувам дека Киев или кој било друг безбеден украински град би бил фантастично место за тоа“, додаде и изрази надеж дека има уште една година и дека се ќе биде во ред до одржувањето на Евровизија.