Музичарот Џина Папас Џокси најпознат по својата песна “На Велигден сум се заљубил” во пресрет на големиот празник ни подари прекрасна верзија на песната која важи за неформална химна на велигденските празнувања.
Заедно со членовите на Академскиот хор Мирче Ацев, диригентската палка ма Јасмина Ѓорѓеска а со хорски аранжман на Дамир Имери преку интернет апликација направија одлична изведба на легендарната песна.
Нумерата која е најслушани пред Велигден за прв пат е пуштена на Македонското радио во 1991 година во емисијата на ДЏ Мице и од тогаш станува една од најпопуларните песни на сите времиња.
Напишана и снимена е во 1990 година за време на Југославија кога поради верските мотиви била ставена во фиока се до независноста на Македонија идната година.






