Британскиот премиер Борис Џонсон го претстави планот од шест точки за спротивставување на руската воена инвазија на Украина, јавува Би-Би-Си.
Планот вклучува:
1. Воспоставување на „меѓународна хуманитарна коалиција“ за поддршка на Украина;
2. Помош на Украина во „нејзините напори да обезбеди сопствени одбранбени капацитети“;
3. Зголемен економски притисок врз Русија;
4. Меѓународната заедница да спречи „притаена нормализација“ на Русија во Украина;
5. Дипломатски напори за ставање крај на непријателствата треба да се направат само со целосно учество на легитимната украинска влада;
6. Непосредна кампања за зајакнување на одбраната на земјите од НАТО.
Во понеделник, Борис Џонсон ќе разговара за планот со канадскиот премиер Џастин Трудо и холандскиот премиер Марк Руте, кој е во посета на Лондон.
Во вторник Џонсон ќе се сретне со лидерите на Вишеградската четворка: Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.






