Американците вчера го прославија 99-тиот роденден на поранешниот претседател Џими Картер.
Во негова чест Белата куќа постави дрвена торта на северниот тревник, а библиотеката Картер во Џорџија приреди забава за јавноста, пренесува Ројтерс.

Картер, демократ кој беше претседател на САД од јануари 1977 до јануари 1981 година.
Во февруари годинава тој одби дополнителни медицински интервенции.
Картер, кој е роден на 1 октомври 1924 година, живее подолго од кој било американски претседател во историјата по напуштање на функцијата.
Светската слава ја стекна со својата пост-претседателска хуманитарна работа и ја доби Нобеловата награда за мир во 2002 година.
Картер во последниве години се соочуваше со здравствени проблеми, вклучувајќи меланом кој се прошири на неговиот црн дроб и мозокот, но тој продолжи да се бори, дури и по одлуката да оди во хоспис – одделение за пациенти кои се вои терминална фаза.
Внукот на Картер, Џејсон, изјави за Њујорк тајмс дека поранешниот претседател се соочува со физички ограничувања и дека „доаѓа до крајот“, но е во мир со својата сопруга.





