Еден месец откако неговиот син заеднио со уште едно лице беа ранети од огнено оружје на свадба о Мала Речица, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, негира дека тој пукал од пиштол.
„Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене.“
Адеми бил сослучан од полицијата и бара брзо решавање на случајот за, како што вели, да се расчистат сомневањата во јавноста.
„Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица“, вели Адеми за Алсат М.
Во инцидентот беа двајцата млади А.Б. и Ф.А од Мала Речица. Од тетовското обвинителство велат дека случајот и понатаму е во предистражна фаза и оти се очекува полицијата да го комплетира предметот за потоа тој судски да се процесуира.




