Џереми Корбин најави оставка

Лидерот на британските лабуристи, Џереми Корбин, изјави дека ја презема одговорноста за изборниот пораз на парламентарните избори што се одржаа неделава и кој е најлош резултат на партијата во 85 години.



Во отвореното писмо до „Сандеј Мирор“, Корбин вели дека изборите биле под влијание на „брегзит“ што го искористија конзервативците кои , пак, предводени од премиерот Борис Џонсон,освоија најголема победа во последните три децении.

Корбин нема да се повлече веднаш, но тој нема да ја предводи Лабуристичката партија.

„Нашето време повторно ќе дојде со ново раководство“, заклучува Корбин во писмото.