„Џенерал моторс“ ќе произведува респиратори по наредба од Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди компанијата „Џенерал моторс“ да почне да произведува респиратори за заболените од коронавирус,



Претседателот се повика на Законот за воено производство (Defense Production Act ) донесен уште во време на Корејската војна (1950-1953), пренесуваат медиуми.

Тој закон му овозможува на претседателот да ги принуди компаниите во вонредни околности да го приспособат приватниот индустриски сектор за потребите за безбедноста на земјата.

Трамп рече дека „Џенерал моторс“ „губи време“ и дека е неопходна акција за да се спасат животите на Американците.