Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, САД, се сликал со претходното и со сегашното македонско знаме во Метеор Кратер, Аризона, а фотографиите ги постира на својот профил на Фејсбук.
„Ја понесов Македонија со себе во Метеор Кратер, Аризона“, напиша Американецот со унгарско потекло и борец за македонската кауза во последните две децении.






