„Доста имав трпение една година по донесувањето на Законот за јазиците да не заседавам со пленарните седници на албански јазик. Не кршам ни Устав ни закони“ рече претседателот на Собранието, Талат џафери кој денеска ја почна седницата на македонскиот парламент на албански јазик.



Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагираше зашто спикерот ја започна седницата на албански јазик и го потсети Џафери дека тоа е спротивно на деловникот на Собранието.  

„ Во Деловникот во член три стои дека во работата на Собранието службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо“, се додека тоа не сепромеи, рече Мицевски.

Џафери одговори дека Законот за употреба на јазиците е донесен, тој е во сила и додаде дека тој имал трпение од една година од јануари 2018 до јануари оваа година и чекал на претседателот на државата да го потпише Законот.