Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Законодавниот дом нема основда постапува за случајот со пратеникот Павле Богоевски и дека нема уставна ниту деловничка основа да покрене постапка во неговиот случај.
„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка“.
Џафери сепак очекува надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“, стои во ставот соопштен од кабинетот на Џафери.
Од Владата велат за случајкот на Богоевски одговорите да се бараат на адреса во Собранието, бидејќи Павле е претеник во парламентот.






