Ова беше одговорот на техничкиот премиер Талат Џафери на прашање на граѓанин кој се јави во емисијата „Стадион“ на Канал 77“ за да го праша дали дали ќе им дозволува на министрите „да играат фудбал?“.
„Не можам да следам кој што прави во Владата, дали спие, игра фудбал, кошарка. Ако го видам, ќе биде казнет.
На правата седница кажав на министрите дека не смее да се остави таква перцепција. Колку и да е казната, ќе си ја платат“, рече поранешниот претседател на Собранието и актуелен технички премиер.
На првата седница што ја водел во Владата, Џафери рекол дека не сака сцени по кабинетите како онаа фамозната во Министерството заполитички систем, каде што вицепремиерот Артан Груби и другите министри од ДУИ играа фудбал..






