Џефери молчи за самораспуштање на Собранието

Иако поминаа неколку дена откако 35 пратеници потпишаа иницијатива за повторно свикување на Собранието, претседателот на парламентот Талат Џафери – молчи.



Од неговиот кабинет за Плусинфо потврдуваат дека Џафери иницијативата не ја доставил до пратениците и дека ниту тој се нема произнесено по неа.

Џафери во неколку наврати во изминатиот период изјави дека самораспуштено Собрание не може повторно да се свика.

Од ДУИ, пак, за Плусинфо брифираат дека најверојатно иницијативата „не е во ред“ и оти затоа Џафери не ја препратил до пратениците. Во спротивно, велат од партијата на Али Ахмети, најдоцна за три дена откако претседателот на Собранието ќе добие барање или иницијатива од пратеници го доставува до сите народни избраници.