Немаме мнозинство за да одржиме седница, кажа собранискиот спикер 



Претседателот на парламентот Талат Талат Џафери денеска на средба со новинарите рече дека нема мнозинство за одржување собраниска седница, а причина е недоаѓањето на сите пратеници од владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ.

Исто така проблем е и противењето на опозициските партии да присуствуваат на седниците за да обезбедат кворум. 

Последната седница на 16 месецов почна, но не беше изгласан дневниот ред поради немање кворум. 

Џафери потврди дека ги добил известувањата од пратениците од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, и од Павле Трајанов од ДС дека ќе делуваат независно од пратеничката група која ја предводи СДСМ.