„Новинарката Арбана Џара објави две фотографии како се приредува ифтар среде улица. Таа вели дека тоа се прави намерно, за да се покаже политичката моќ на исламската вера.“ – објави информативниот портал „ин7“ во својата информација со наслов „Арбана Џара по поставувањето на ‘величествениот ифтар’ во Приштина: ‘Сега преостана да се воведе и Шеријатот!“. Инаку, Арбана Џара е повеќекратно наградувана истражувачка новинарка од Косово.
„Ин7“ ги цитира ставовите на Арбана Џара: „На Косово семејствата си приредуваа ифтари во своите домови и не се правеа големи. Кога ќе се запалеа светлата на џамиите, оние кои што постеа за Рамазан ќе се окрепеа со капка вода и со една урма. Верата си ја задржуваа за себе. Дури и внатре во семејствата некој постеше за Рамазан, а некој не, па за таа работа не се зборуваше, ниту тоа беше наметнувано.“
„Ова што се случува сега на Косово, организирање ифтар на асфалт, е демонстрација на моќта. Не знам зошто давате толку многу. Од Алах зависи дали ќе ви го прифати тоа, или не.“
„Имате други методи да дознаете дали сте пораснале и оти Косово полека се претвора во исламска држава. Изгледа набргу ќе има избори, влезете во изборната трка, добијте гласови и сменете го уставот од секуларен, световен во исламски, со примена на шеријат, со исламско законодавство.“ – им порачува новинарката Арбана Џара на косовските власти.





