„Да бараш задолжително изучување на турски јазик во суверена земја во која службен јазик е бугарски, и тоа на денот на бугарските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј, е еминентна форма на бесрамност и политички цинизам“.



Ова е дел од реакцијата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки на изјавата на турскиот амбасадор на Турција во Бугарија Хасан Улусој кој побарал признавање и воведувањето на турскиот јазик за изчучување  во Бугарија.

Турција направи уште една провокација преку својот амбасадор во Бугарија. Ова е неподносливо мешање и агресија против Уставот на Република Бугарија,  реагираше Џамбазки член на бугарското ВМРО-БНД.

„Ние, патриотиотите од ВМРО, нема д аго дозволиме тоа и ќе инсистираме бугарското Министерство за надворешни работи да се заземе категорично однос на случајот., пренесе news.bg.

Турција повеќе пати си дозволува да мавта прст и да ни дава упатства како да се одвиваатработите во нашата земја, но и неколкупати ние покажавме дека не сме послушни вазали на Анкара.