Поддржувачите на ВМРО, предводени од двајцата копретседатели на партијата, Ангел Џамбазки и Александар Сиди, се собраа пред домот на премиерот Кирил Петков,јавуваат бугарски медиуми.



Тие го блокираа излезот, инсистирајќи да разговараат со него. Ова се случува на денот на гласањето недоверба на Владата.

Џамбазки објасни дека причината за нивниот протест е тоа што сакале да слушнат од премиерот одговори на прашања за кои ВМРО рече дека се важни во однос на „двојната надворешна политика“ кон северна Македонија.

Џамбазки инсистираше на конкретни одговори од Петков за неговиот став за случајот, а не „да се пофали во негов типичен стил“.

Доколку одговорите не не задоволат, а претпоставувам дека нема да не задоволат, уште еднаш ќе бараме негова оставка, заклучи европратеникот.

На лице место има и полиција. Нејасно е дали премиерот е дома.