Џамбазки го оспорува гласањето на бугарската дијаспора во Турција!?

Партијата на Красимир Каракачанов, БНД, која не успеа да го помине изборниот праг на парламентарните избори во Бугарија, не го признава резултатот од гласањето на бугарската дијаспора во – Турција.



Ова го соопшти европратеникот Ангел Џамбазки.

„Резултатите се такви какви што се и војводите ја прифаќаат проценката на гласачите. Ништо не е направено трагично и непоправливо, увери Џамбаски, нагласувајќи дека учеството на власта за ВМРО не е по секоја цена.

Според европратеникот, во Турција имало нарушувања на изборниот процес, па затоа партијата испраќа сигнал до главниот обвинител, Врховниот касационен суд, Врховниот управен суд, Националното собрание и Советот на министри, кои треба да упатат жалба до Уставниот суд.

Тој лично бил сведок на предизборна кампања… луѓето во Турција не знаеле за што гласаат, биле исплашени… секретарот на изборниот оддел не зборувал бугарски јазик.

Џамбазки велчи дека ако се оспори гласањето (на Бугарите) во Турција, тоа може да доведе до прераспределба на пратеничките места во бугарскиот парлемент.