Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја оцени како „гнасна навреда“ пораката од транспарентот на навивачката група „Комити“ истакнат на ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Вардар во Битола.
„Гнасен потсмев од едни измиени мозоци! Македонистите одново го покажаа лицето на омразата спрема Бугарите во Македонија. ‘Комитите’ го уништиле ‘Радко’?!
Всушност, Радко, еден од псевдонимите на Иван Михајлов, е повеќе од жив, а историската вистина ќе надвладее!“, порача на Твитер потпретседателот на бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД.






