Вознемиреноста во Бугарија по примопредавањето на вакцините за Ковид-19 од Србија не го одбегна ниту европратеникот Ангел Џамбаски, кого посебно го погодил напис во македонски медиум.
„Класичен пример за асрпското влијание и пропагандата, длабоко вгнездена во Скопје.
‘Вучиќ се појави на Свети Трифун на Табановце и ги донесе првите вакцини за Македонците’. Како голем ослободител за македонскиот народ е претставен претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Си мислите дека култот кон личноста е исчезнат од овие географски широчини. Не, грешите. Не и во Северна Македонија, каде што Вучиќ е опишан како ‘вождот од Белград’. А Бугарија, Грција и ЕУ се ‘лошите’ на сликата насликана со таков неверојатен патос на авторот на статијата.
Можеме само да мечтаеме во моментов во Северна Македонија да се појави таков тип статија за Бугарија. Бидејќи таму за нас сè уште се пишува како за ‘фашистички окупатор’. И така е повеќе од 70 години“, коментира на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-БНД на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.
https://www.facebook.com/Djambazki.VMRO/posts/3107238109378865





