Бугарскиот европратеник и отворен македономрзец, Ангел Џамбаски, реагира на изјавата на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој рече дека отворањето на клубот „Цар Борис трети“ во Охрид е провокација и најмногу ќе им штети на македонските Бугари.
„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда на Коминтерната не можат да ја променат историјата. И тоа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: ‘Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта’.
Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша Џамбаски на Фејсбук.








