Бугарскиот европарлементарец Ангел Џамбаски влезе во кавга со софискиот весник „Сега“ поради наслов.



Имено, весникот под наслов “Српски запаленковци ги навредија Македонците дека се бугари“, информираше за ракометниот натпревармеѓу белградски „Партизан“ и скопски „Вардар“ на кои „гробарите“ истакнаа транспарент на трибините на кој пишуваше „Група со српско име слави бугарски војник, мора да е тешко со таков комплекс во главата!?“ Навивачите притоа скандираа Јужна Србија, никогаш Македонија.

„Да се ​​нарече „Македонец“ Бугарин, изјава која, објективно гледано, е апсолутно точна, според „СЕГА“ е навреда.

Навистина, каква ферментирана фекална маса врие меѓу ушите на овие луѓе? – пишува Џамбаски на Фејсбук.

„Едвај ми текнува нешто поантибугарско, понационално предавничко, поксенофобично, пофашистичко од овој наслов.
Овие навистина и вистински ја мразат бугарската нација, бугарскиот народ, Бугарија. Нема ништо погадно од псевдоинтелектуалци, со изразито селско потекло, кои ја мразат, плукаат и изневеруваат сопствената нација поради нивните лични опсесии, безочност и разни дисфункции“, ги навредува Џамбаски новинарите на „Сега“.