Џамбаски: Вистината е на наша страна, а таа е дека Македонија е бугарска!

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски удри по лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и по „југоносталгичарите во Скопје“ по повторениот став на најголемата опозициска партија во Македонија за уставни промени дури по успешно завршени преговори за членство. во Европската унија.



„Животот и честа на Бугарите мора да бидат гарантирани!
Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права.

ДПМНЕ очигледно не разбираат дека е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови. Не е ЕУ таа што треба да ја земе предвид српско-болшевичката фракција во Скопје, туку сосема спротивното. Има јасни критериуми, Северна Македонија не ги исполнува. Исто така, не го исполнува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Долгорочно, ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати, па дури и да преговара со земја која одбива да игра според правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и патетичните југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија.

Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омразата на која почива таканаречениот ‘идентитет’. Кулата на лагите и фалсификатите се урива зошто вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е БУГАРСКА“, напиша на Фејсбук копретседателот на бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД.