„Ескалира антибугарската хистерија во Скопје“, констатира во уште еден антимакедонски пост на Фејсбук бугарскиот еввропратениук Ангел Џамбаски според кој Макдонија е обврзана да дозволи заеднички прослави со Бугарија во случајот – на 4-ти февруари на годишнината од раѓањето на Гоце Деллчев



„Титовисти, комунисти, болшевици, Срби ќе организираат блокада на патиштата, со трактори и коли, по примерот на косовските Срби, за да ги спречат Бугарите да се поклонат на саркофагот на Бугаринот Гоце Делчев.

Класичен, пример од учебник за националната омраза на титовистите во Скопје кон Бугарите во Македонија и во Бугарија“.

Според него тоа е „шема на етничка омраза организирана и уредена од официјалните власти на Скопје – претседателот и Владата“.

Џамбаски тврди дека „според Договорот за соседство, па дури и според мекиот ‘План на Макрон“ Скопје е обврзано да прави заеднички прослави.

Наместо тоа – властите во Скопје организираат антибугарски блокади“.

Откако ги повторува неговите убедувања за Гоце Делчев, Џамбаски додава:

️„Бугарските браќа, грст бугарски мразители организирани од Белград и Кремљ, ќе не спречат да им оддадеме чест на бугарските национални херои? Дали сте сериозни“, објави Џамбаски на Фејсбук.