Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со својата стара теза за Македонија во интервју за тамошната телевизија Нова.
„Темата ‘Македонија’ ќе биде исцрпена кога ќе нема граници меѓу Црно Море и Охридско Езеро. Тогаш ќе биде целосно исцрпена. Тоа ни го оставиле во аманет нашите дедовци“, изјави потпретседателот на ВМРО-БНД.
На потпрашањето од водителот „сакате да кажете дека не треба да постои Република Северна Македонија?“, Џамбаски одговори: „Велам дека треба да се заврши бугарското национално обединување. Тоа може да се случи и во Европската унија“.






