Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со изненадувачки искрено признание по повод 9 Мај Денот на победа над фашизмот прогласен и за Ден на Европа:



„Ајде да разјасниме. Денес не е ден за славење. Ја изгубивме оваа (Втората светска н.з.) војна, и со неа и Вардарска Македонија и Беломорието“, пишува Џамбаски непомирлив со неостварената идеја за санстефанска Бугарија.

Претходно тој пренесува пост на извесен Иван Михајлов кој напишал:

„Да се потсетиме и да го имаме предвид за во иднина фактот дека загубите во 1913-та и 1918 за Бугарија биле помали отколку во 1944-та“.