Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека Бугарија нема да прави компромиси со историјата и дека не постојат две верзии на историјата.
„Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. А таа, господине Бујар Османи е дека Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин. А ВМРО секогаш се бореше за ослободување на Бугарите во Македонија.
Не може да се претстават две верзии на историјата, бидејќи таа е една, наша, заедничка, за која има милиони сведоштва и за која зборуваме во Договорот за добрососедство. Сите други толкувања се недозволиви и ја поддржуваат лагата на македонизмот“.
Џамбаски на Фејсбук реагираше по интервјуто на Османи за македонската национална телевизија во кое министерот кажа дека наративот во историската комисија наметнал две верзии на историските толкувања.








