Џамбаски со нова небулоза: Скопје да излезе од оската Москва-Будимпешта-Белград

Иницијативата „Отворен Балкан“, која ја покренаа српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, е обид за обнова на Југославија, вели бугарскиот авропратеник Ангел Џамбаски.



Тој вели дека тоа ќе ја загрози безбедноста на регионот.

„Исклучително е важно ЕУ да го усвои ставот на Бугарија за нерешените билатерални прашања. Тоа е клучот за излегување на Скопје од оската Москва-Будимпешта-Белград и нивното мешање во внатрешните работи на државата.

Добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија и Грција се дел од решението во име на европската иднина на земјата и на целиот Западен Балкан“, европареникот д партијата на Каракачанов, Ангел Џамбаски.