Џамбаски скептичен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти за уставните измени

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од вонпарламентарната партија ВМРО не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за промените на Уставот на Македонија, со кои во него би биле впишани и Бугарите.



„Големата опозициска антибугарска партија ДПМНЕ работи да ги спречи овие промени да се случат, бидејќи тие имаат свои внатрешни размислувања, а првично оваа политичка сила беше преземена долго време од просрпски и прокремљски влијанија, кои се извор на антибугаризам. Така што јас лично се сомневам дека оваа работа ќе се случи. Наместо тоа, нивниот притисок е да ги одложат овие промени додека не започнат преговорите. Набљудувајќи го овој процес, можеме да бидеме многу скептични за можноста да се направат промените пред на каков било начин да се промени политичката ситуација во Скопје“, изјави Џамбазки пред новинарите во Ќустендил сопретседателот на партијата на поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.