Европратеникот Агнел Џамбаски не е среќен што и на овие избори најмногу избирачи за бугарските државјани во странство ќе има во Турција, а особено поради тоа што изборна кампања се води и на – турски јазик.



„Ретко кој е изненаден што на социјалните мрежи повторно кружи скандалозна кампања на турски јазик. Сите знаеме како се гласа во Султанатот на Ердоган и колку дрско и цинично се прекршуваат изборните правила. На сите избори, без исклучок.

Повторно машини, автобуси во редици, повторно нашата иднина ќе ја одредуваат луѓе кои не знаат ни бугарски“ вели Џамбаски според кој вииновници се „националните предавници од ИТН, ППДБ, ДПС, Маја Манолова и компанија, кои ги сменија правилата за гласање.

„Националните предавници мора да бидат казнети со громогласен шамар“! – порачува Џамбаски.