Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во името на ВМРО-БНД порача дека се согласуваат Македонија да биде членка на Европската држава кога ќе стане нормална држава, „ако може да биде нормална“.



„Се водат преговори со бугарски политичарида се направат тешки отстапки за Северна Македонија. Бугарија ги направи сите отстапки што можеше и требаше да бидат направени. Власта во Северна Македонија треба да запре да ги прогонува луѓето што се определуваат како Бугари, да се запре јазикот на омразата, да сопрат со крадењето на бугарската историја, да ја менуваат и да ја злоупотребуваат на тој начин и работите ќе се средат веднаш. Ни се согласуваме Македонија да биде дел од ЕУ кога ќе стане нормална држава, ако може да биде нормална“, изјави кандидатот за пратеник на коалицијата „Бугарски патриоти“ на парламентарните избори закажани за 11 јули.

Џамбаски упати порака и до досегашниот владин партнер ГЕРБ.

„Ако си го променат ставот за Македонија, ГЕРБ е исклучен за партнерство со нас“, нагласи тој.