Џамбаски открива зашто во Македонија ја сметаат Бугарија за најголема закана

„Ова е резултат на децениското влевање етничка омраза и антибугаризам“, ги коментира бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски бројките од последната анкета на „Евротинк“.



„Има ли некој што сè уште не го разбрал, освен малата група Македонци во Бугарија?!

Речиси 28 отсто од граѓаните на с. Македонија ја сметаат Бугарија за закана за нивната земја, а Србија е дефинирана како нивен најголем пријател.

Скопската титоистичка пројугословенска пропаганда и бугарската политика без кичма си ја завршија работата“, објави Џамбаски на Фејсбук.