Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја „парчоса“ Капка Тодорова, дописничка од Берлин на бугарскиот портал и списание „Клуб З“, според која „Македонија веднаш во ЕУ е во бугарски интерес“ и „ако Бугарија му наштетува на Скопје, си штети и себеси“.
„Изроди и продадени не треба да си дозволуваат ниту еден збор за темата Македонија.
Нашиот интерес е да нема граница меѓу Охрид и Црно Море. Но, тоа не може да се случи со оваа Македонија, која се потсмева со Бугарите и живее во југоносталгија“, реагира потпретседателот на вонпарламентарната партија ВМРО-БНД на донеодамнешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.






