Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски најави голем протест против Владата на Кирил Петков, која, според него, е под влијание на некои амбасади за да направи предавство за Македонија и да ѝ дозволи почеток на преговори за влез во Европската унија.
„Останувам со чувството дека сегашната влада и премиерот имаат задача, поставена од некаде надвор од Бугарија, претпоставувам во некои странски амбасади кои погрешно ја разбираат геополитичката игра, кои живеат со чувство дека ако ја примат Македонија во ЕУ ќе ја избркаат Русија од Балканот. Македонизмот е изграден на омраза кон Бугарија и кон Бугарите и не можеме да си дозволиме да дадеме согласност на таква земја да почне преговорите во ЕУ“, изјави за бугарската Телевизија Европа копретседателот на ВМРО-БНД, кој пред неколку дена се „прослави“ со нацистички поздрав додека ја напушташе седницата на Европскиот парламент.





