Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во објава на фејсбук ги нападна оние во Бугарија кои се посомневаа во приказната за претепаниот Христијан Пендиков, Бугарин „во најава, од Охрид.
„Етничка омраза! Ова е причината за нападот врз Христијан Пендиков.
Тоа го кажуваме од почетокот, ова стои и зад нападите врз бугарските клубови во селото Македонија. Истиот мотив е и властите во Скопје да спречат отворање и работа на нови здруженија и клубови.
И сега се свртувам кон бедната група македонисти од Софија, кои побрзаа да го оцрнат името на Христијан и да го оправдаат овој гнасен напад, пишува Џамбаски:
„Непочитувани, сите ја гледаат вистината, па дури и обвинителството во Скопје. Колку вреди чесноста, колку вредеше да плукаме по еден наш брат од Македонија? Вечен срам и срам за вас, предавниците во Софија.
А властите во Северна Македонија имаат задача да го запрат јазикот на омразата и фалсификувањето на историјата.
Време е да ја признаеме историската вистина за нашите заеднички херои и минато, порачува Џамбаски.






