Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на 120-годишнината од убиството на Гоце Делчев побара посмртните останки на револуционерот да бидат префрлени од Скопје во Благоевград.
„120 години бесмртност!
📜 На 4 мај 1903 година, во битка над селото Баница, големиот син на Бугарија, Георги Николов Делчев, замина во бесмртност.
❗️ Нема да дозволиме името на Гоце Делчев да биде монета за поткусурување во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје кои сакаат да ја оправдаат својата антибугарска политика.
❌️ Не смееме да заборавиме дека посмртните останки на големиот бугарски револуционер беа предадени од бугарските комунисти-предавници на југословенските бугаромразачи по болшевичкиот преврат на 09.09.1944 година. Така Гоце беше киднапиран, прогонет, напуштен во Скопје. Каде што денес се врти злонамерна омраза кон македонските Бугари, кон Бугарите воопшто, кон Бугарија.
📢 Време е Геце да си го најде својот вечен мир кај семејството во спомен обележјето „Делчевиот род“ во Благоевград, кадешто почиваат неговите најблиски.
🔥 Вечен спомен на Георги Николов Делчев!“, напиша на Фејсбук копретседателот на бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД.






