Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по кој знае кој пат со скандалозни великобугарски пораки до Македонија во своето обраќање на Фејсбук во пресрет на парламентарните избори во Бугарија на 4 април.
„Има каузи кои се поголеми од секој и од сè, од секаков политички спор. Поголеми од секоја актуелна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО, таква кауза е Македонија, Македонија на тие Бугари што ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија, на Бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на тие Бугари кои ја изградија современа Бугарија“, вели потпретседателот на ВМРО-БНД на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.
Во продолжението од провокативното видео, Џамбаски им се обрати на „привремените управители“ на Македонија:
„Почитувани (почитувани велам од учтивост) привремени владетели на нашата, на мојата Македонија – не можете да живеете во 21. век без да го признаете 20. век. Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе блеска. колку пожестоко ја измислувате својата нова лажна историја, толку побучно ќе се урнат и ќе пропаднат лажните темели на кои сте ја изградиле вашата жална сегашност. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски станува Охрид. Колку погласно ги извикувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај! Македонија е бугарска, а Бугарија е над сè!“, вели десната рака на Каракачанов, кој му се обрати и лично на премиерот Зоран Заев.
„Заев, почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска! И колку и да се вртиш, Албанија сè уште ќе ти е од запад!“, порача Џамбаски во монологот на Фејсбук:
https://www.facebook.com/watch/?v=452494945956795





