Во гостување во емисијата на „Bulgaria on аir“, европратеникот и член на бугарската партија ВМРО, Ангел Џамбаски, рече дека Бугарската социјалистичка партија (БСП) треба да се извини на Бугарија заради предавството, бидејќи БСП беше таа што ја создаде македонската држава.



Ангел Џамбаски на овој начин ѝ одговори на лидерката на БСП,Корнелија Нинова, откако таа испрати писмо до шефот на Европарламентот против европратеникот кој наводно рекол дека социјалистите треба да се стрелаат во едно интервју.

Еврропратеникот и Нинова претходно влегоа во жестока кавга во врска со темата Македонија.

„Таа е виновна категорично за соучесништво во создавањето на македонската нација. Никаде во интервјуто не сум рекол дека членовите на БСП се за стрелање, г-ѓа Нинова очигледно е зафатена од некаква августовските здодевност и се обидува да се фати за нешто и да се направи интересна. Но таа должи извинување како претседател на БСП, не во лично својство. БСП никогаш не се извини за тоа национално предавство “, рече Џамбаски во студиото на „Bulgaria on air“.