Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, за Бојан Маричиќ рече дека „просрпски вицепремиер“ бидејќи повикал да се покрене истрага за навредите што Христијан Пендиков ги нанел на Македонија и на Македонците.
„Просрпскиот вицепремиер на РСМ повика да се покрене истрага против брутално претепаниот Кристијан, поради навредите што ги нанел на Македонците?!
Бугарски медиуми: На Пендиков може да му се суди за навреда на Македонија и Македонците
Ова е се што треба да се знае за дрскоста на антибугарскиот, просрпскиот, прокремељскиот „македонизам“ и за срамот на нашите политички предавници кои дозволуваат тоа да се случи. Тоа е исто како џелатот да ја обвинува својата жртва дека му создава лош имиџ, пишува Џамбаски на Фејсбук.
Во Република с. Македонија е сосема нормално Бугарите да бидат нападнати и тепани затоа што се Бугари. Не е нормално однесувањето на нашите – како што вели – шкопени „политичари“ кои дозволуваат тоа да се случи.






