„Пред браќата крај Вардар претстои важен избор. Треба да изберат дали да ја преминат границата и да патуваат слободно од Охрид до Црно море и целиот останат 500 милионски Европски сојуз, или да останат во темниот агол на историјата, потиснати од српски турбофолк, шајкачи, кодоши и коминтерновски чизми“, пишува бугарскиот евро-пратеник и потпретседател на угарското ВМРО-БНД Ангел Џамбаски.



Џамбаски, инаку познат по своите ставови за бугарскиот карактер на Македонија и за Македонците, како и за историјата, европратеник кој преку својата позиција беше жесток поборник и Албанија да признае „бугарско малцинство“ во колумна за порталот меѓу другото вели:

„Коридорот број 8 треба да биде национален приоритет. Со самото паѓање на границите ќе резултира со обединување на двата клона на еден братски народ. Кога луѓето од двете држави на границата ќе видат, дека не постојат пречки, ќе почнат да патуваат, да работат, и најважно – да не се плашат (…)

Најважното, за кое треба да размислиме е кој има интерес, од тоа да Македонија не влезе во ЕУ. Одговорот е повеќе од јасен. Шумадиските кодоши и коминтерновските им господари кои го гледаат Западен Балкан како своја сфера на интерес, врз која не сакаат да изгубат влијание. Тоа значи дека работат и против Македонија и Бугарија. Ние треба да се спротиставиме на секој обид двата народи да бидат разделени и раскарани.“ вели Џамбаски за „Поглед“.