Џафери ја учи Дескоска како работи парламентот

„Собранието на Република Северна Македонија, работи согласно Деловник а не врз основа на диктат а уште помалку не според одредени индивидуални претензии, било да се тие на некој министер, кој и да е тој!“ напиша на фејсбук Талат Џафери.



Статусот е адресиран до министерката за правда Рената Дескоска, која побара во најскоро време предлозите за СЈО да бидат преточени во закон и ставени на собраниска седница, како услов за препорака од ЕУ .

„Ставот на Владата е за Законот да се гласа веднаш кога ќе имаме усогласен законски текст кој ќе се испрати до Собранието“,  рече вчера Дескоска. 

https://www.facebook.com/talatxhaferi/posts/997607133761135

Џафери вчера категорично изјави дека за време на изборите нема да закаже седница дури и да се договорат власта и опозицијата околу Законот за Јавно обвинителство.