Џафери: За уставни измени да се гласа кога ќе има 2/3 мнозинство!?

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека и да се исцрпи расправата за уставните измени на пленарна седница, гласањето за нив „да се одложи додека не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа“, пренесе ТВ21



„Се зависи од моменталната состојба односно дали ќе има обезбедено 2/3 мнозинство. Ова не е ништо ново бидејќи имало вакви случаи и за закони“, рече спикерот Џафери на денешниот брифинг со новинарите.