Техничкиот премиер Талат Џафери ги упати новинарите одговор за тоа дали ДУИ ќе има претседателски кандидат да бараат кај лидерот на партијата, Али Ахмети во партиското седиште во Мала Речица.



„За тоа прашање ќе си одите до Речица и ќе седнете со лидерот да разговарате.

Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција“, одговори Џафери на новионарско прашање, пренесе „360 степени“.

За кандидатурата за претседател на Арбен Таравари,  Џафери рече дека каков било коментар од негова страна по однос на ова прашање би бил излишен.