Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција кои понудија оставки доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.
„Следствено ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам“, изјави Џафери во интервју за МИА.
Парламентарниот спикер смета дека парламентарни избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така.
„Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат.
Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и промпно беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти“, изјави Џафери.







