Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано за усвојување на нов член на Законот за плати со кој на екс-премиерот Груевски му се укинува пратеничката плата затоа што е осуден на затворска казна подолга од 6 месеци.



„Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието“ – рече Џафери.

Вкупно 53 пратеници гласаа „за“ и ниту еден „против“ на денешната седница, со што Груевски останува без пратеничката плата, како осуден во случајот „Тенк“.