До 28 февруари ќе треба да бидат распишани претседателските и парламентарните избори доколку партиите постигнат договор изборите да бидат заедно и датумот да биде 8 мај.
Во таков случај, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека согласно пржинскиот договор, техничката влада треба да биде избрана еден месец претходно, односно до 28 јануари.
Груби: Али Ахмети ќе каже кој ќе биде премиерот Албанец
„Ако се претпостави она што се шпекулира дека 8 мај би бил прифатлив за сите изборите да бидат заедно, претседателските и парламентарните, тогаш роковите се во рамките на минимум 70 и максимум 90 дена од распишување до одржување на изборите, во тој случај тие би се распишале 27-28 февруари.
Ако изборите се одржат заедно, значи на 8 мај, како резултат на пржинскиот договор техничка влада би требало на крајот на јануари да е избрана. Значи на 27, 28 јануари да се избере техничка влада.
Тоа се роковите во однос на она што би бил конкретниот датум за избори доколку е 8 мај. Појасно, само здравје“, рече претседателот на Собранието, Џафери.
Нагласи дека политичките партии во Собранието заеднички треба да го изберат датумот во рамките на она што го пропишуваат Уставот и законите, односно да се внимава на обврските од последните 60 дена од претседателските и 90 дена од парламентарните избори и на мандатите на двете институции.
Џафери им даде рок на партиите до Нова година се усогласат и да изберат датум за изборите и најави дека ако дотогаш не се договорат тие, датумот за претседателските избори ќе го одреди тој.
Заега, официјално нема договор меѓу партиите.







